Најдоби алатки за кодирање со ВИ во 2016 година за Windows
Меѓу најпознатите алатки со вештачка интелигенција што програмерите ги користат за пишување код, решавање проблеми и учење нови технологии се Codex од OpenAI и Claude. Издвоивме уште неколку слични алатки што можеш да ги користиш на Windows и ќе ти ја олеснат работата како програмер.
Cursor
Cursor е уредувач на програмски код во кој вештачката интелигенција е составен дел од работната околина. Изграден е врз основа на Visual Studio Code, па неговиот изглед и начинот на работа им е познат на многу програмери.
Google Antigravity
Google Antigravity е платформа за развој на софтвер со помош на вештачка интелигенција, создадена од Google. За разлика од алатките што главно предлагаат код додека пишуваш, Antigravity е насочен кон извршување задачи преку AI агенти. Премногу е бавен и се чека предолго да изврши едноставни наредби.
GitHub Copilot
GitHub Copilot е една од попознатите алатки за програмирање со помош на вештачка интелигенција. Може да се користи во развојни околини како Visual Studio Code, но исто така постои и како посебен софтвер кој програмерите можат да преземат од интернет и да го користат на околина на оперативниот систем Windows.
Devin
Ако претходно си слушнал за Windsurf, станува збор за неговиот наследник. Компанијата Cognition го претстави Devin на 2 јуни 2026 година, задржувајќи ги основните можности на уредувачот, но додавајќи поголема важност на работата со повеќе агенти.
Zed
Zed е уредувач на програмски код што се фокусира на брзина, едноставен интерфејс и поддршка за современи развојни алатки. Покрај стандардните можности за пишување и уредување код, Zed нуди и интеграција со вештачка интелигенција. Неговите AI агенти можат да пребаруваат низ проектот, да читаат и изменуваат датотеки и да извршуваат команди. Исто така, може да се поврзе и со надворешни агенти.
Codex од OpenAI
Codex е една од подобрите алатки за програмирање развиена од OpenAI, компанијата зад ChatGPT. Иако двете алатки можат да помогнат при пишување код, Codex е посебно приспособен за работа на проекти. Убавината при користењето на овој софтвер е тоа што можеш да му овозможиш пристап до целиот проектот и да побараш директно да ги направи потребните измени. Оваа алатка беше пуштена во употреба на 4 март 2026 година.
Пакети за индивидуални корисници:
| Пакет | Месечна претплата | Наменет за |
|---|---|---|
| Бесплатен | Бесплатно | Испробување на Codex |
| Go | Зависно од регионот | Повремено користење |
| Plus | $20 | Редовно програмирање |
| Pro 5x | $100 | Интензивно секојдневно програмирање |
| Pro 20x | $200 | Големи проекти и долги сесии |
Ограничувања за користење на Codex:
| Модел | Plus | Pro 5x | Pro 20x |
|---|---|---|---|
| GPT-6 Astra | 5-45 | 25-225 | 100-900 |
| GPT-6 Sol | 15-150 | 70-700 | 300-3.000 |
| GPT-6 Luna | 350-3.000 | 1.750-14.000 | 7.000-56.000 |
| GPT-5.6 Sol | 10-100 | 50-500 | 200-2.000 |
| GPT-5.6 Luna | 250-2.000 | 1.250-10.000 | 5.000-40.000 |
| GPT-5.5 | 15-80 | 75-400 | 300-1.600 |
| GPT-5.4 | 20-100 | 100-500 | 400-2.000 |
| GPT-5.4 mini | 60-350 | 300-1.750 | 1.200-7.000 |
Claude
Claude is definitely the king. За разлика од обичниот разговор со Claude, каде што можеш да побараш објаснување или пример за одреден програмски код, апликацијата Claude може директно да работи со датотеките на твојот проект.
На пример, ако развиваш веб-страница и сакаш да додадеш нова функционалност, можеш да ја опишеш задачата, а Claude да ја разгледа структурата на проектот, да ги пронајде потребните датотеки и да предложи измени. Исто така, може да помогне при откривање грешки, подобрување на постојниот код и извршување тестови.
Claude е достапен за Windows и може да се користи преку терминалot и во уредувачи како Visual Studio Code.
Пакети за индивидуални корисници:
| Пакет | Месечна претплата | Годишна претплата | Наменет за |
|---|---|---|---|
| Бесплатен | Бесплатно | Бесплатно | Повремено користење |
| Pro | $20 | $200 годишно | Редовна работа и програмирање |
| Max 5x | $100 | Нема | Интензивно секојдневно користење |
| Max 20x | $200 | Нема | Многу интензивно користење |
Достапни модели и ограничувања:
| Можност | Free | Pro | Max 5x | Max 20x |
|---|---|---|---|---|
| Haiku | ✓ | ✓ | ✓ | ✓ |
| Sonnet | ✓ | ✓ | ✓ | ✓ |
| Opus | ✗ | ✓ | ✓ | ✓ |
| Fable | ✗ | Со кредити | ✓ | ✓ |
| Контекстен прозорец | До 1M | До 1M | До 1M | До 1M |
| Релативен лимит на користење | Ограничен | Основен | 5 пати Pro | 20 пати Pro |
| Месечни API кредити | ✗ | ✗ | $100 | $200 |
Заклучок
Вештачката интелигенција станува корисен дел од секојдневната работа на програмерите. Наместо да служат само за поставување прашања и добивање одговори, современите AI алатки можат директно да учествуваат во развојот на софтвер.
Разговор за написот
0 коментари