прекар
- Транслитерација на латиница
- prekar
- Множина
- прекари
- Род
- Машки род
Прекарот е второ име што го добива човек покрај крстеното име, според некоја особина, потекло, занает или физички карактеристики. Често се користи во секојдневната комуникација, па понекогаш човекот е попознат по прекарот, наместо вистинското име.
Примери
- Кој е твојот прекар?
- Сите мои другари имаат прекари.
- Другарите ми го измислија прекарот.
Англиски
nickname