познат
- Транслитерација на латиница
- poznat
Познат е придавка што ги има следниве значења:
- Знаен, препознатлив: Нешто или некој за кој веќе имаме сознанија или со кој сме запознаени. Познат обичај, познат пат, познат глас.
- Прочуен, славен, признат: Личност што е широко позната по својата работа, способности или достигнувања. Познат писател, позната пејачка.
- Во значење на именка: Лице што го познаваме, односно познаник. Сретнав еден познат.
- Во математиката: Величина или вредност што е позната, наспроти непозната величина. Равенка со една позната и две непознати.
Род, број и определеност
| Род | Број | Неопределена форма | -от, -та, -то, -те | -ов, -ва, -во, -ве | -он, -на, -но, -не |
|---|---|---|---|---|---|
| Машки | Еднина | познат | познатиот | познатиов | познатион |
| Женски | Еднина | позната | познатата | познатава | познатана |
| Среден | Еднина | познато | познатото | познатово | познатоно |
| Сите родови | Множина | познати | познатите | познативе | познатине |
Степенување
| Степен | Облик |
|---|---|
| Позитив | познат |
| Компаратив | попознат |
| Суперлатив | најпознат |
Примери
- Тој е подобар ученик од Горан.
- Тој е најдобар ученик во класот.
- Ова е познат обичај во нашиот крај.
- Таа е позната писателка чии книги се преведени на повеќе јазици.
- На изложбата учествуваа познати уметници.
Англиски
famous, known