мозаик
- Транслитерација на латиница
- mozaik
- Множина
- мозаици
- Род
- Машки род
- Oрнамент или слика составена од разнобојни мали парчиња од камчиња, стакло, керамика или други материјали, зацврстени на површина како што е под, ѕид или свод.
- Нешто составено од разнородни елементи – Преносно значење
Примери
- Мозаикот на светската поезија е создаван со векови.
- Културното наследство на Македонија е прекрасен мозаик од различни традиции.
- Оваа книга претставува шарен мозаик од хумористични животни приказни.