Патоказ
Frontend Developer
-
-
Интернетот е глобална мрежа од меѓусебно поврзани компјутери и уреди што комуницираат преку протоколите TCP/IP. Тој поврзува милијарди уреди низ целиот свет и овозможува прелистување веб-страници, гледање и слушање содржини, користење различни апликации и размена на информации. Интернетот значително ги промени комуникацијата, трговијата, образованието и забавата, но истовремено отвора и прашања поврзани со приватноста и безбедноста.
Бесплатни материјали
- НаписИнтернет
Интернетот е глобална мрежа што поврзува компјутери и други уреди низ целиот свет и овозможува размена на информации. Преку интернет можеме да прелистуваме веб-страници, да испраќаме е-пошта, да гледаме и слушаме содржини, како и да комуницираме со други луѓе. Истиот претставува светска мрежна инфраструктура која овозможува пристап до различни материјали и услуги.
Бесплатни материјали
HTTP (Hypertext Transfer Protocol) е протокол што овозможува комуникација меѓу веб-прелистувачот и веб-серверот преку барања и одговори. Тој не ја памети состојбата меѓу одделните барања и користи методи како GET и POST за испраќање и примање податоци. HTTPS е безбедна верзија на HTTP што ја шифрира комуникацијата. Поновите верзии, како HTTP/2 и HTTP/3, нудат подобри перформанси и побрз пренос на податоци. Познавањето на HTTP е основа за разбирање на начинот на кој функционира вебот и за развој на веб-апликации.
Бесплатни материјали
- НаписСе штo треба да знаеш за HTTP
- НаписКако работи HTTPS?
- НаписHTTP/2
- НаписHTTP/3
Домен е лесно препознатлива веб-адреса, како google.com, што се користи наместо бројчена IP-адреса. Се состои од име на доменот, на пример „google“, и домен од највисоко ниво, како „.com“. Домените се регистрираат преку овластени регистратори и се важен дел од идентитетот и присуството на една веб-страница на интернет. Системот DNS го поврзува името на доменот со соодветната IP-адреса за корисникот да може да пристапи до веб-страницата.
Бесплатни материјали
- НаписШто е име на домен?
Веб-хостинг е услуга што ги чува датотеките и податоците на веб-страницата на сервер и овозможува таа да биде достапна преку интернет.
Постојат повеќе видови хостинг. Кај споделениот хостинг, повеќе веб-страници ги користат ресурсите на истиот сервер, додека кај посветениот хостинг, целиот сервер е наменет за една веб-страница или корисник.
Хостинг-компаниите често нудат и дополнителни услуги, како е-пошта, регистрација на домени, SSL-сертификати, резервни копии и безбедносна заштита.
Изборот на добар веб-хостинг може да влијае врз брзината, стабилноста, безбедноста и достапноста на веб-страницата.
Пример за употреба:
Веб-страницата е поставена на хостинг-сервер за да биде достапна на интернет.Бесплатни материјали
- НаписШто е веб-хостинг?
За оваа тема сè уште нема додадени материјали.
-
HTML е стандарден јазик за создавање веб-страници. Тој користи ознаки за организирање на содржината, како што се наслови, пасуси, слики и врски, и му кажува на веб-прелистувачот како да ги прикаже информациите. Може да се замисли како скелет на една веб-страница, бидејќи ја обезбедува основната структура и содржината што ја гледаат корисниците.
<!DOCTYPE html> <html> <head> <title>Page Title</title> </head> <body> <h1>This is a Heading</h1> <p>This is a paragraph.</p> </body> </html>Бесплатни материјали
- НаписОснови на HTML
- НаписHyperText Markup Language
- КурсВеб дизајн
Примери
-
-
-
CSS, односно Cascading Style Sheets, е јазик што се користи за опишување на изгледот и форматирањето на документ напишан во HTML. Со него се контролираат елементи како боите, фонтовите, распоредот и целокупниот визуелен изглед на веб-страницата, со цел таа да биде привлечна и лесна за користење. Може да се замисли како стилист на веб-страницата, кој ја зема основната структура создадена со HTML и ѝ дава убав и уреден изглед.
article p:first-of-type { color: red; font-size: 1.5em; }Бесплатни материјали
- НаписШто е CSS?
- НаписCascading Style Sheets
- НаписОснови на CSS
- ВидеоCSS за почетници
- КурсНаучи CSS
-
JavaScript е програмски јазик што ги прави веб-страниците интерактивни. Со него можеш да додаваш динамична содржина, да управуваш со мултимедијални елементи, да анимираш слики и да создаваш многу други функционалности што ја прават веб-страницата повеќе од обичен статичен текст. JavaScript се извршува во веб-прелистувачот и овозможува создавање поинтересно и поинтерактивно искуство за корисниците.
// bez greshka let poraka = "zdravo"; poraka = 123456;Бесплатни материјали
- НаписJavaScript
- КнигаОд почетник до професионалец
- ВидеоJavaScript за почетници
JavaScript може да се користи и за содавање на апликации кои може да работат на различни платформи ((Windows, Mac, Linux)). Тие са градат со помош на алатки како Electron, NW.js, or Tauri. Еlectron ја овозможува (напојува) работата на VS Code и Discord.
Бесплатни материјали
- Офиц. стр.Electron
Мобилните апликации се програми создадени за користење на паметни телефони, таблети и други преносливи уреди. Најчесто се преземаат преку продавници за апликации и можат да користат функции на уредот, како GPS, камера и известувања.
Апликациите може да се развиваат посебно за одреден оперативен систем, на пример Android или iOS или ологии што овозможуваат со една заедничка основа на код да се создадат апликации за повеќе платформи.
Бесплатни материјали
- Офиц. стр.React Native
-
-
-
VCS е кратенка од Version Control System, односно систем за контрола на верзии.
Тоа е систем што ги следи промените во датотеките на еден проект и овозможува да се зачуваат различни верзии од нив. На тој начин може да се види што е променето, кој ја направил промената и, ако е потребно, да се врати претходна верзија.
Git е најпознат систем за контрола на верзии.
Други примери: Git, Subversion (SVN), Mercurial.
Бесплатни материјали
Git е систем што им помага на програмерите да ги следат промените во кодот. Овозможува зачувување различни верзии на датотеките при што го олеснува прегледот на промените кои се направени. Овозможува враќање на претходна верзија доколку се појави некој проблем и овозможува работа со повеќе индивидуи на ист проект без пребришување на меѓусебната работата.
Бесплатни материјали
- ВидеоGit за почетници
- НаписКонфигурација на Git и наредби
- НаписОснови на Git
- НаписКако се врши контрола на верзии?
Subversion, познат и како SVN, е систем за контрола на верзии што овозможува следење на промени во код.
За разлика од Git, SVN најчесто користи централно складиште, каде што се чуваат главната верзија на проектот и неговата историја. Корисниците преземаат работна копија, прават промени и потоа ги испраќаат назад во централното складиште.
За оваа тема сè уште нема додадени материјали.
-
Git е систем што им помага на програмерите да ги следат промените во кодот. Овозможува зачувување различни верзии на датотеките при што го олеснува прегледот на промените кои се направени. Овозможува враќање на претходна верзија доколку се појави некој проблем и овозможува работа со повеќе индивидуи на ист проект без пребришување на меѓусебната работата.
Бесплатни материјали
- ВидеоGit за почетници
- НаписКонфигурација на Git и наредби
- НаписОснови на Git
За оваа тема сè уште нема додадени материјали.
За оваа тема сè уште нема додадени материјали.
За оваа тема сè уште нема додадени материјали.
-
-
-
За оваа тема сè уште нема додадени материјали.
-
TypeScript е програмски јазик изграден врз JavaScript што додава статичко типизирање. Тој претставува надградба на JavaScript, што значи дека код напишан во JavaScript може да се користи и во TypeScript.
Главната предност на TypeScript е можноста однапред да се определат типовите на податоци за променливи, параметри на функции и повратни вредности. Ова помага грешките да се откријат уште при пишување на кодот и го олеснува одржувањето на поголеми проекти.
Бесплатни материјали
- Офиц. стр.Преглед на TypeScript
- Офиц. стр.Прирачник за TypeScript
-
-
-
React е JavaScript библиотека за создавање кориснички интерфејси. Таа овозможува сложените интерфејси да се поделат на помали компоненти што може повторно да се користат. Овие компоненти можат да управуваат со сопствени податоци и да се комбинираат за создавање поголеми апликации. React користи декларативен пристап, што значи дека вие опишувате како треба да изгледа интерфејсот, а React се грижи ефикасно да го ажурира DOM.
За оваа тема сè уште нема додадени материјали.
React Native е рамка за развој на мобилни апликации со JavaScript и React.
Бесплатни материјали
- Офиц. стр.React Native
-
Tailwind CSS е CSS рамка заснована на помошни класи. Наместо да нуди однапред дизајнирани компоненти, како копчиња или навигациски ленти, Tailwind CSS обезбедува множество однапред дефинирани CSS класи што можете директно да ги користите во HTML за стилизирање на елементите. Ова овозможува создавање приспособен дизајн без пишување CSS од почеток и нуди побрз и пофлексибилен начин за уредување на изгледот на веб-страниците.
Бесплатни материјали
- НаписЗапочни со Tailwind CSS
- Офиц. стр.Tailwind CSS
- Офиц. стр.Интернет игротека
- ВидеоОфицијален YouTube канал
За оваа тема сè уште нема додадени материјали.
Бесплатни материјали
- НаписCSS Subgrid
-
-
-
Vitest е брза алатка за тестирање JavaScript и TypeScript код оптимизирана за Vite и со API што е компатибилно со Jest.
Jest е алатка за автоматско тестирање JavaScript и TypeScript код. Најчесто се користи за проверка дали функции, компоненти и други делови од апликацијата работат како што се очекува.
Поддржува автоматско повторно извршување на тестовите при промени во кодот, мерење на покриеноста на кодот, паралелно извршување и режим за постојано следење на промените.
Бесплатни материјали
- НаписVitest документација
Бесплатни материјали
- НаписJest
-
Бесплатни материјали
- Офиц. стр.Next.js
-